Екипата на Експрес радио е професионална и секогаш водечка цел на вработените во Експрес радио е дека слушателот и деловниот партнер секогаш се во право и секогаш се исполнуваат нивните барања. За музиката што се емитува на нашата програма се внимава таа да биде квалитетна. На Експрес радио се емитуваат хитови од забавна македонска и од екс југословенските простори. Секој работен ден од 07 до 10 часот се емитува утринска програма која претставува еден вид на градски информатор и слушателите се запознаваат со се она што се случувало и ќе се случува во градот.
Még nincsenek vélemények a(z) Ekspres Radio-ról.
Во периодот од 10 до 15 часот секојдневно од студиото на Експрес радио се реализира отворената програма во која се третираат теми од областа на музиката, спортот, филмот, медицината, занимливости како и голем број на теми од секојдневието на нашите граѓани. Во состав на отворената програма се и Минутите за спорт на радио кој се емитуваат во 11:30. Во нашата програмска шема влегуваат и вестите што се преземаат од Македонското Радио во: 08, 10, 12 и 14 часот.
Cím | ул. „Ленинова“ бр. 1 |
Telefonszám: | +034/345-131, Мобилен: 070/214-070; 071/214-070; 071/341-077 |
Weboldal: | ekspresradio.com.mk |
Facebook: | @ekspresradio |
Факс: 034/345-134